Поранешниот возач на Формула 1 кој почина денеска на 71 години им наверојатна животна приказна. Ники Лауда е роден во Виена во богато семејство и училиштето не го интересирало премногу.

Негова страст беа автомобилите и ништо друго. Но, родителите сакале да го наследи семејната традиција и да биде адвокат.

Заборави на Формула 1.Твоја работа е да работиш она што го работеле твојот дедо и татко-му велеле родителите.

Но, тој не сакал да се откаже од своите соништа, дури им се заканил на роителите дека „не мора да го познаваат кога ќе стане светски шампион“. Дека Ники не се шегува докажал со тоа што отишол во банка и подигнал кредит и си купил место во Формула 1.

Но, се мачел со лоши тимови се додека не влегол во Ферари и ја освои својата прва титула.
Ники имал голема интелегенција и ја проучувал секоја патека до најситни детали па затоа го нарекувале „компјутер со мозок’.

Неговата кариера ја одбележа инцидентот во 1976 година во Нинбурринг кога неговиот болид се запапли и тој практично беше мртов.

Болидот се запали а Лауда останал во него.Пожарникарите притрчале да му помогнат но не можеле да се доближат. Ники падна во кома, беше клинички мртов, дури и свештеник го пееше.Но, тогаш се случи чудо и тој се разбуди и се опорави за неколку месеци па дури и се врати на трките. Но, изгоренците му останаа целиот живот за да го потсетуваат за тоа што го снајде.