Спортски настани од светска категорија ќе се одржат на Охридското езеро во месец август, најави денеска Македонската пливачка федерација. Оттаму велат дека на овие натпреварувања ќе настапат над 300 учесници, а ќе бидат присутни и сите најуспешни пливачи на официјалната ранг листа на Светската пливачка федерација (ФИНА).
Од федерацијата додаваат дека Охрид од страна на ФИНА е прогласен за град со најмногу спортски настани во водените спортови во светот што е уште еден доказ за успешната професионална работа на домашната пливачка федерација.
Спортските настани ќе започнат на 8 август со сертифицирање на судии за далечинско пливање, а ќе завршат на 28 август со финална трка од 10 км кружна патека на Градскиот кеј.
Comments are closed for this post.