„Нашиот клуб се договори со Наполи за трансфер на фудбалерот Елиф Елмас и тој заминува во Италија за да ја комплетира целата процедура и да потпише за новиот клуб. Елиф, кој го носеше нашиот дрес со гордост и беше навивач на Фенербахче успешно ги бранеше овие бои, покажа лојалност и голем потенцијал. Ти посакуваме многу среќа во иднина. Веруваме дека на најдобар начин ќе го презентираш Фенербахче во новиот дрес“, објавија од Фенербахче.

Се очекува денес Елмас да ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе биде промовиран како засилување на Наполи. Аурелио Де Лаурентис за поранешниот член на Работнички ќе издвои околу 15 милиони евра.