Од англискиот фудбалски клуб Лестер сити, официјално потврдија дека нивниот сопственик, Шиваи Шриваданапраба загинал при паѓањето на неговиот хеликоптер во саботата навечер. Заедно со него, загинале и останатите четворица што се наоѓале во леталото.
Во соопштението на клубот се изразува најдлабоко сочувство кон семејстватана сите што загинаа во несреќата.
Како што велат од премиерлигашот, под негово раководство клубот прераснал во вистинска фамилија, која сега како таква ќе продолжи, во негова чест, да ја исполнува неговата визија.
Веста за паѓањето на хеликоптерот на Шриваданапраба предизвика англискиот клуб да добива пораки на сочувство и поддршка од целиот свет, а илјадници фанови оставаа букети цвеќе и навивачки шалови околу стадионот во текот на целиот ден.
Поради смрта на Шриваданапраба, одложен е куп-дуелот што Лестер требаше да го игра во вторник против Саутемтон.
— Leicester City (@LCFC) October 28, 2018
Comments are closed for this post.