Првиот човек на одбојкарската репрезентација, Петар Јовановски заедно со Ристо Николов и Владо Митев беа на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
Јовановски му се заблагодари на директорот за приемот и поддршката и порача дека очекуваат од Владата да им доделат еднаква премија како на фудбалерите, кои за пласман на ЕП оваа година земаа 435.000 евра.
„Би сакал да се обратам до Владата, ако сме рамноправни спортисти со сите, би сакал и одбојкарите да ја добијат истата награда како фудбалерите за пласман на ЕП“, рече Јовановски на денешната средба.
Одбојкарите ќе добијат 20.000 евра премија од Федерацијата.
„Наша желба е како сите останати федерации да имаме свој дом, се надевам дека во скоро време ќе го реализираме тоа“, меѓудругото кажа Јовановски, кој пак доби поддршка од Мојсовски.
„Долго време бев спортист и знам што значи да се игра за репрезентација. Ќе сторам се спортистите да имаат добри услови за тренинг, да имаат свое место каде што ќе го поминуваат време за време на секој собир“.
Comments are closed for this post.