Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи, го претстави својот нов тренер, Ќатип Османи.
Со задоволство го објавува договорот со познатиот тренер Ќатип Османи. Еден од најтрофејните тренери во земјава, го презема раководството на нашиот тим и веќе го стави својот потпис за соарботка до 2021 година, објави клубот од Чаир.
Османин на оваа функција доаѓа како замена на Булент Акин, додека асистент ќе му биде Унион Ливорека.
Претходно, Османи работеше во Шкендија од каде доби отказ по слабите реузултати на почеток на новата сезона.
Comments are closed for this post.