Еден од првите чифтови „Најк”, патики од линијата „Moon Shoe”, е продаден за рекордни 437.500 долари на интернет-аукција на „Сотби”.
Патиките биле наменети за американските атлетичари, кои се подготвувале за Олимпијадата 1972 година. Од тој модел се произведени 12 чифта. Тој што бил ставен на наддавањето е единствениот што никогаш не бил обуен.
Првичната проценка се движеше меѓу 110.000 и 160.000 долари.
Претходниот рекорд – од 190.372 долари беше регистриран во 2017 година за патиките „Конверс фастбрејк”, носени од кошаркарската легенда Мајкл Џордан на финалето на Олимписките игри во 1984. Чифтот „Moon Shoe” го купи 61-годишниот канадски бизнисмен Мајлс Надал, кој има намера да го изложи во приватниот свој музеј во Торонто
Comments are closed for this post.