Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата.
Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година.
Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.
Премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”.
Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).
Comments are closed for this post.