Страдав за да го имам семејството што го имам сега. Цел живот сакав да живеам со мама и тато, да имам хармонија и позитивност. Со Александра ги добив Карл и Бјанка. Децата се здрави, но не знам што ќе се случи во иднина. Да се држиме заедно, мојата желба е да уживам во моето семејство до крајот на животот. Не ги сакам промените, никогаш не ми се допаѓале. Не е лесно, има постојани искушенија, вели Марио Ѓуровски, синот на легендарниот Милко во интервју за „курир.рс“.
Марио Ѓуровски помладиот е син на Милко Ѓуровски, некогаш познат фудбалер на Црвена Звезда и Партизан. Помина низ младинската академија на Маракана, но никогаш не доби шанса да се испроба за црвено-белиот дрес. Играше за Младеновац, Сопот, Бежанија, Војводина, а во странство за украинскиот Металруг, како и за тајландските клубови Муангтонг Јунајтед, Бангкок Јунајтед и Бангкок Глас. Својата фудбалска кариера ја заврши во 2020 година, кога стана тренер.







Comments are closed for this post.