Првото коло во рамки на групата Ц на Светското првенство во Катар е комплетирано вечерва со дуелот меѓу Полска и Мексико што заврши нерешено 0-0 на стадионот „974“ во Доха.

Најголемата шанса за постигнување гол ја имаше Полска преку својот капитен и голгетер Роберт Левандовски, но неговиот удар од белата точка во 58. минута го одбрани мексиканскиот голман Гиљермо Очоа.

 

Претходно денеска во рамки на воведното коло во групата Ц, Саудиска Арабија со пресврт ја шокираше Аргентина, совладувајќи го големиот фаворит со 2-1 (0-1).

Второто коло во оваа група е на програмата в сабота, кога Аргентина ќе игра против Мексико, а Полска против Саудиска Арабија