Новак Ѓоковиќ со овојувањето на титулата на Отвореното првентво на САД оствари значаен скок на ранг листата на Асоцијацијата на тениските професионалци.  Годинава ова е втор Грен слем турнир за Новак Ѓоковиќ  и тоа изборен на перфектен начин. Во финалето совладан беше Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 3-0 во сетови.

„Успеав благодарение на саканите личности – децата, сопругата, семејството… Беа со мене и ми дадоа поддршка кога ми беше најтешко. Знам како му е на Дел потро со проблемите со повредите. Сепак сакам да му честитам, тој е извонреден играч“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Хуан Мартин Дел Потро стигна до своето второ финале на Гренд слем турнир и покажа добра игра, но не беше доволно за победа.

„Не ми е лесно да зборувам сега, но многу сум среќен што добив можност да го играм ова финале против својот идол и голем пријател кој е мој вистински брат. Тој знае дека ми е еден од омилените тенисер и дека сакам да гледам како освојува големи трофеи. Му честитам од срце на Новак и на целиот негов тим“ – рече Дел Потро на церемонијата на доделување на трофеите


Пред две недели, на почетокот на УС Опен, Новак беше шести на АТП листата, а сега „скокна“ за три места, завземајќи го третото место на листата, и сериозно се вмеша во борбата за највисок пласман.

Водечкиот Рафаел Надал со 10.040 бодови спадна на 8.760, второпласираниот Роџер Федерер од 7.080 на 6.900, а Ѓоковиќ со 4.445 и со две илјади бодови колку носи освојувањето на гренд слем титула стигна до 6.445.