Ѓоковиќ стигна до бројката од 311 со што стана апсолутен рекордер по бројот на недели минати на првата позиција на АТП листата.

На 1 март Ѓоковиќ се израмни со легендарниот Роџер Федерер по бројот на недели минати на тронот, а од денеска популарниот Ноле ја започнува 311 недела како владетел на светскиот тенис и станува најдобар светски тенисер во историјата.

Топ 5 тенисер на врвот на АТП

Новак Ѓоковиќ 311 недели

Роџер Федерер 310 недели

Пит Сампрас 286 недели

Иван Лендел 270 недели

Џими Конорс 268 недели

Патот кон светската спортска историја Ѓоковиќ го започна во јули во 2011 година. Ноле никогаш нема да ги заборави 3 и 4 јули во 2011 година, кога ги оствари своите две големи сништа. Прво го освои пехарот од неофицијалното светско првенство во Вимблдон, а потоа и по прв пат беше рангира на првата позиција на АТП листата на најдобрите тенисер на светот.