На плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица денеска повторно е поставена ѕвездата на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, што беше искорната и украдена во ноември во 2018 година.
Верувам дека овојпат ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад. Ќе ја чуваме исто како што се радуваме на успесите на Пандев и промоцијата на нашата општина и држава, рече градоначалникот Коста Јаневски.
Ѕвездата беше поставена во 2010 година како симбол за освоената титула на Пандев европски и светски фудбалски шампион со италијанскиот Интер. Инаку, досега не се откриени сторителите на кражбата на ѕвездата на Пандев од плоштадот во Струмица.
Comments are closed for this post.