Екипата на Сан Антонио спарс се наоѓа во најголемата криза во последните десетина години. „Мамузите“ загубија од Хјустон со 136-105 со што нивниот скор по 22 одиграни натпревари е 10 победи и 12 порази, што е првпат да бидат два натпревари под 50 отстотен учинок по 2009 година, кога ја почнаа сезоната со скор 4-6.
Овој пораз изтовремено значи и дека Сан Антонио падна на претпоследното место во Западната конференција, далеку од местата што водат во плејоф разигрувањето.
Во редовите на Сан Антонио, само Ламаркус Олдриџ со 20 и Демар Дерозан со 18 постигнати поени беа на висиона на задачата.
Затоа, пак, кај Хјустон, чии кошаркари погодија 22 тројки на средбата, прилично расположени за игра беа Клинт Капела со учинок од 27 поени и 12 скокови, Ерик Гордон со 26 поени и Џејмс Харден со 23 поени, 10 асистенции и седум скокови.
Резултати од синоќешните натпревари во НБА лигата
Сан Антонио – Хјустон 105-136
Филаделфија – Вашингтон 123:98
Бостон – Кливленд 128:95
Детроит – Чикаго 107-88
Оклахома Сити – Атланта 124-109
Л.А. Лејкерс – Далас 114-103
Мајами – Њу Орлеанс 106-101
Шарлот – Јута 111-119
Бруклин – Мемфис 125-131 (2 прод.)
Портланд – Денвер 112-113
Феникс – Орландо 85-99
Comments are closed for this post.