Дрскост од невидени размери беше забележана на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Алексеј Попирин во второто коло на Австралија Опен.

Еден навивач срамно го испровоцира Новак во четвртиот сет, но тој му направи само услуга… По прозивките, српскиот инает проработи, Ноле дивееше на теренот и го исчисти Попирин.

Навивач му дофрли нешто на Србинот меѓу поените, Новак се изнервира, се приближи до трибината, го погледна и налутено го пукна:

“Сакаш да дојдеш овде? Дојди и кажи ми го в лице!”.