Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата во Женева.Тој го победи полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 5:7, 7:6 (7-2), 7:6 (7-2).
Со овој триумф, Ноле ја испиша историјата на „белиот спорт“ и стигна до јубилејната 100-та титула во својата кариера.
Непотребно е да се зборува за мотивацијата со која Новак влезе во денешниот натпревар, со оглед на тоа што пред себе имаше јасна цел, а тоа е јубилејната стота титула во неговата кариера. Од друга страна, токму како што најави на прес-конференцијата пред судирот со најдобриот тенисер на сите времиња, Хуркач рече дека нема да дозволи Србинот, кој има 99 титули на своето конто, да испише историја против него.
Comments are closed for this post.