Најдобриот тенисер на светот со многу мака го помина првото коло од Мастерсот во Мајами.Тој триумфираше против Делбонис но мечот се одолжи.

Во меѓувреме во Мајами почна да се стемнува па Новак му се пожали на судијата.

Запалете ги рефлекторите, нема да играм во темница – викна Ноле кон судијата.

Неговото барање веднаш беше исполнето и Новак за десетина минути дојде до победата.