Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло, тој во три сета беше надигран од Лоренцо Мусети со резултат 4:6, 7:5, 6:4.

Србинот повторно многу порано од очекуваното го заврши натпреварувањето во Кнежевството. Ѓоковиќ имаше предност од 6:4, 4:2, но тоа не беше доволно за победа во третото коло.

 Немам ништо да кажам. Добро сум, добро сум. Секоја чест за него.  Мислам дека ова не е катастрофално, но се чувствувам лошо во моментов бидејќи го загубив натпреварот. Тоа е се. Му честитам на мојот противник. Ова не е голем ден за мене, па не сум баш расположен за разговор- изјави  Ѓоковиќ.