Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер изјави дека очекува да може игра против Ливерпул во првиот натпревар од осмиафиналето на Лигата на шампионите.
Средбата ќе се одржи на 19 февруари во Англија.
– Јас сум во ред. Мислам дека лекарскиот тим на Баерн ќе ми помогне. Ако се оди добро на тренинг, ќе бидам во состојба да играм со Ливерпул, изјави чуварот на мрежата на Баварците.
За потсетување, на 1 февруари Нојер доживеа повреда на раката, поради што ги пропушти последните три натпревари од Германското фудбалско првенство.
Comments are closed for this post.