Бразилскиот напаѓач Нејмар се опоравува од повредата на предните вкрстени лигаменти на коленото што ја заработи во октомври за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство Кариока против Уругвај. Сепак, тоа не го спречува добро да се забавува, што јасно се гледа од видеата кои кружат на интернет.
🚨VEJA: Neymar empolgadíssimo cantando “Set dos Casados” e é possível ouvir claramente:
“Fud*u, fud*u, fud*u, fud*u, eu fui dar perdido na Bianca, e a cunhada apareceu” pic.twitter.com/p1g739LYoG
— DIRETO DO MIOLO (@diretodomiolo) December 27, 2023
Фудбалерот се приклучи на експедицијата која тргна од неговиот роден град Сантос кон Рио Де Жанеиро и назад. Станува збор за тридневна турнеја на отворено море, во која пријателите и дел од семејството му се придружија на бразилскиот напаѓач.
Нејмар одлично се забавува на ова крстарење, а патувањето ќе го одбележат три големи забави, додаваат бразилските медиуми. Како дел од се, има казина, специјализирани продавници, куглање, соба за игри, воден парк, СПА, теретана и гастрономска понуда од целиот свет.
Comments are closed for this post.