Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не може да ја пренесе својата колекција од скапи автомобили во Бразил, пренесува „Diario Sport“.

Ова се должи на бразилското законодавство кое го ограничува увозот на користени автомобили.

Триесет и тригодишниот напаѓач не може да ги транспортира Ролс-Ројс, Астон Мартин ДБХ, Бентли Континентал, ГТ, Ламборџини и четири Мерцедеси Г-класа што ги набавил за време на неговиот престој во странски клубови.

Нејмар се врати во Сантос во јануари оваа година. Неговиот договор е до лето. Напаѓачот е производ на младинскиот систем на бразилскиот клуб. Пред тоа играше и за Барселона, ПСЖ и Саудиска Арабија Ал-Хилал.

По враќањето, Нејмар одигра пет натпревари за Сантос, постигнувајќи еден гол и асистенција