По освојувањето на Австралија опен во Мелбурн, шпанскиот тенисер Рафаел Надал реши да се посвети на бизнисот за време на тениската пауза, отворајќи го ресторанот Ролан Гарос во Манакор, во неговата академија.
Судејќи по рекламата, менито на ресторанот е направено да биде здраво, вкусно и достапно.
Новоотворениот ресторан „Ролан Гарос“ му оддава почит на францускиот турнир на кој Надал 13 пати стана шампион.
Во ресторанот со капацитет од 60 луѓе се служи мени создадено од тим готвачи и експерти за исхрана од „Академијата Рафа Надал“.
Јадењата се сметаат за вкусни, здрави и достапни, а најскапо на менито е говедско филе на скара со пире. Таа порција чини 19 евра, додека најевтината медитеранска тестенина чини 7,90 евра, што е близу 1.000 динари. На менито не недостасуваат вегански јадења и производи со врвен квалитет. Дополнително, во недела ќе се служи бранч.
Comments are closed for this post.