Во Карловац е уапсен еден од водачите на Динамо Загреб Горан Хајдуковиќ Чупко со 170 килограми марихуана. И тоа не би било ништо чудно ако не се откри дека со него заедно бил и еден од водачите на Црвена Ѕвзеда Драган Павловиќ.
Популарните Бед блу бојси и Делиите со години беа во лоши односи што кулминираше со познатиот инцидент на Максимир во 1991 година со кој започна војната во поранешна Југославија.
Но, новите генерации навивачи соработуваат во криминалот и шверцот на дрога. 44 годишниот Чупко важи за проблематичен тип во Хрватска со неколку дела зад себе, воглавно за шверц, тепачки и круумчарење на оружје.
Comments are closed for this post.