На крајот од минатата година бројот на мигранти кои чекаат одлука за нивните барања за азил во ЕУ бил околу 896.560, според податоците објавени од Европската комисија.
Минатата година во ЕУ биле поднесени 664.480 барања, од кои девет отсто се повторени барања.
Најмногу се од Сирија (13 отсто), Авганистан и Ирак ( по седум отсто).
Меѓу првите 10 места од каде дошле се Пакистан, Нигерија, Иран, Турција (четири отсто), Венецуела, Албанија и Грузија (три отсто).
Најмногу статус во ЕУ добиваат од Јемен (89 отсто), Сирија (88 отсто) и Еритреја (85 отсто), а најретко од Молдавија (еден отсто).
Лани најмногу молби за азил се поднесени во Германија, Франција, Грција, Италија и Шпанија. Над 2/3 се мажи, половината од нив на возраст меѓу 18 и 35 години.
Comments are closed for this post.