Фудбалер на Оријенте Петролера од Боливија, Марио Куељар учествуваше во надреална сцена бидејќи повреден мораше да замине во болница со такси и тоа во гепекот.
Оријенте играше натпревар против Гуабире, а 30 годишниот бек зарабори скршеница на ногата во 77-та минута по лизгачкиот старт со цел да го изблокира противничкиот играч. Тој беше изнесен од теренот на носилка кога го дочека непријатно изненадување.
Бидејќи надвор од теренот во амбулантното возило немаше никој, од дежурниот лекар и возачот, кои би го однеле до болница, повикано е такси кое привремено беше санитетско возило со отворена врата од гепекот.
Ваквата случка се најде на потсмев и негодување од страна на боливиската јавност и меѓу другото наречена е „срамна“.
Comments are closed for this post.