Само неколку месеци откако објави крај на својата натпреварувачка кариера, славниот Шпанец би можел да преземе посебна улога на Парискиот гранд слем, турнир каде што го крена трофејот 14 пати.

Oрганизаторите на Ролан Гарос ја објавија можноста Надал да биде дел од турнирот во иднина во улога на амбасадор, советник или дури и официјален претставник, што би било логично продолжение на неговата длабока врска со Париз.