Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати дома во Каталонија а лекарите ќе се обидат да го решат проблемот со стапалото кое долго време го мачи во една престижна клиника.
Надал ја освои титулата на Грен слем во Париз играјќи под инјекции, што предизвика многу полемики во јавноста, а во Барселона пристигна со патерици.
Шпанецот во наредните денови ќе биде подложен на лекување на доктор Анхел Руиз Котор, кој треба да го опорави за претстојниот Вимблдон.
Comments are closed for this post.