Потребна е финансиска помош за 29-годишниот фудбалер, Томе Јанев, кој боледува од ALS – (amnyotropxic lateral sclerosis), болест на моторниот неврон.
Начин за третирање на ова заболување е терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години што струмичанецот треба да ги прави во Москва, Русија.
Сумата за потребното лекување е огромна за неговото семејство, која за овие три години ќе изнесува околу 160.000 евра.
За помош да се соберат потребните финансиски средства за лекувањето на Јанев отворени се сметки за донации:
– преку денарска сметка број:
Томе Јанев
210-5017071183-75
НЛБ Банка
– преку девизна сметка број:
Tome Janev
MKD7210501707118375
NLB Banka AD Skopje
Makedonija
SWIFT: TUTNMK22
– преку Телеком со повик од 100 денари:
070 143 454
ФК „Кит Го“ во хумана акција: Донација за лекувањето на Јанев
Фудбалскиот клуб „Кит Го“ од Пехчево со одлука на раководството на клубот се вклучува во акцијата за помош на на Томе Јанев, на кого му е неопходен итен медицински третман во странство.
ФК „Кит Го“ одлучи, клубот во име на сите фудбалери и негови вработени, да донира 60.000 денари како помош што побрзо да се соберат неопходните финансиски средства за лекување на Јанев – соопштија од ракововодството на ФК „Кит Го“.
Comments are closed for this post.