На денешен ден во светот на фудбалот се случија две важни работи. Првата е тажна а другата среќна.

Во 1985 година во Брисел на стадионот „Хејсел“ се играше финалето на Купот на шампионите меѓу Ливерпул и Јувентус.Пред мечот дојде до тепачка меѓу навивачите на двата клуба и се сруши трибината каде што беа фановите на Јуве.

Загинаа 39 навивачи загинаа а Ливерпул заработи казна и се до 1991 година не играше во европските купови.

На 29 мај, но во 1991 година Црвена Звезда стана европски првак откако по пенали го совлада Олимпик Марсеј.

Одлучувачкиот пенал во Бари го постигна Дарко Панчев а во тимот беше и Илија Најдоски.