Кошаркарите на МЗТ во Јане Сандански арената издвојуваа убедлива победа од 85-63, полувреме 48-36 над вечниот ривал Работнички, во меч од шестата рунда во Суперлигата.

„Металците” доминираа на средбата, постојано го зголемуваа водството и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање својата победа.

Иванов со 26 поени беше најдобар кај победникот, додека кај гостите од „Градски Парк” се истакна Костов со 18 поени.

За тимот на Марин Докузовски ова беше трет пораз во низа.

МЗТ е прв на табелата во Суперлигата со скор 22-3, додека Работнички е втор со 20-5.

Во наредното коло МЗТ Скопје ќе му биде домаќин на Кожув, додека Работнички како домаќин ќе се соочи со Куманово. Следното вечно дерби на програмата во Суперлигата ќе биде во рамки на 10 коло, кога центарци се домаќини.