Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, изрази длабоко разочарување од настапот на својот тим во натпреварот од осминафиналето на Португалскиот куп против Атлетико (2:0).

– Игравме лошо во првото полувреме. Она што најмногу ме боли е кога играчите имаат лош став. Направив четири замени на полувремето, но би сакал да направам девет. Натпреварите треба да се сфатат сериозно. Проблемот не беше системот, туку фудбалерите. Некои клучни играчи не беа на теренот од првата минута. На некои веќе им реков да не доаѓаат да ми чукаат на врата кога не играат. Јас сум тренер на Бенфика и одговорноста е кај мене, но и играчите имаат свои одговорности, пред сè кон навивачите. Во однос на ставот, има некои работи за кои не може да се преговара и кои не можам да ги прифатам. Кога ги критикувам играчите, се критикувам себеси што не го извлеков максимумот од нив. Тоа е имплицитно, изјави Мурињо за португалските медиуми.

Бенфика е првиот осминафиналист во Купот на Португалија оваа сезона. Следниот противник на тимот на Мурињо ќе биде одреден со жрепка.