Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека сегашниот ментор на „сините“ Франк Лампард ги има сите предуслови за да биде успешен тренер на Лондон.
Лампард ја започна својата кариера променливо на кормилото на Челзи, освојувајќи само еден од првите пет официјални натпревари, но според Мурињо, резултатите ќе се подобрат со текот на времето.
Тој има едногодишно искуство од Дерби, каде покажа добри квалитети и сега е во Челзи каде игра за големите трофеи. Тој игра во Лигата на шампионите, играше за Европскиот Суперкуп, тој веќе имал големи и важни натпревари и тоа искуство ќе му помогне. Фудбалот отсекогаш бил дел од неговиот живот. Тој е син на фудбалер. Неговиот чичко е менаџер, тој е самиот топ играч. Мислам дека ги има сите услови да биде успешен менаџер, изјави Мурињо за „Скај спортс“.
Челзи гостува кај Волверхемптон во петтото коло од Премиер лигата денес од 18:30 часот помакедонско време, а во вторник „сините“ ќе ја пречекаат Валенсија во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
Comments are closed for this post.