Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо е подготвен да преговара со потенцијалниот нов сопственик, шеикот Халед бин Зајед Ал Нехајан за да го преземе Њукасл , ако добие повик за тоа.
Луѓе кои го претставуваат шеикот, се блиску до купување на клубот од сегашниот сопственик Мајк Ешли, а договорот се очекува да биде официјално завршен до неколку недели.
Сегашниот тренер на тимот, Рафаел Бенитез води преговори со месеци со старото раководство, но така и не постигнал договор до овој момент за продолжување на својот договор.
Мурињо пак одговори на прашања поврзани со ваквата перспектива, изразувајќи се позитивно за тимот и ја истакна својата врска со клубот од северот на Англија, која пак минува преку неговиот ментор во професијата – Боби Робсон.
Би сакал да одам таму. Ми се допаѓа идејата да се оди во домот на г-дин Робсон. Ми се допаѓа ова чувство, ми се допаѓа стадионот, ми се допаѓа атмосферата таму. Тие се одлични, имаат многу ентузијастички фанови, рече Мурињо, со што ги засили гласините за таква изненадувачка можност.
Comments are closed for this post.