Вчера, Партизан го официјализираше своето најново засилување, а воедно направи и одличен маркетиншки потег, со оглед на тоа што ангажираше играч кој импресионираше на последниот Евробаскет, иако има само 18 години.
Финскиот репрезентативец Мика Муринен пристигна во Белград попладне, каде што ќе му се придружи на тимот на Партизан пред почетокот на новата сезона во Евролигата, а црно-белите открија дека кошаркарот висок 210 см ќе носи црно-бел дрес со бројот 3 на грбот во новата сезона.
Comments are closed for this post.