Од денеска и официјално Спортскиот центар во Ново Лисиче имаме чест и задоволство да носи име Спортски центар „Марко Божиновски“, едно младо момче пример за млад човек, спортист, добар другар и пријател, којшто пред шест месеци трагично почина, истакна во саботата градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Посочи дека заедничка одлука била на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име.
Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар. Во чест на Марко Божиновски, кој што треба да биде пример на сите исти млади генерации, успешен млад ракометар, добар другар и искрен, верен пријател, сакаме да функционираме и таков однос да воспоставиме спрема сите други млади луѓе во општина Аеродром, да бидат како Марко Божиновски.
И во таа смисла ќе продолжиме и следната година, ние како општина да инвестираме во спортската инфраструктура, да инвестираме во младите спортски таленти, истакна Муцунски.
Comments are closed for this post.