„Кнежество Силенд“. Да, и тоа е држава од само шест наутички милји од Сафолк, округ во југоисточна Англија и само 20 метри од нивото на морето. Силенд е со големина на половина фудбалско игралиште, а на 2 септември 1967 година прогласи независност од Велика Британија.

HM Fort Roffs, оригиналното име и името што го користеше Обединетото Кралство, беше поморска база и утврдување за време на Втората светска војна.

Изградена е во 1942 година за да го заштити југоисточниот брег на Велика Британија од нападите на авионите на Хитлер. Базата била опремена со радари и противвоздушни пушки, а во средината на 1950-тите, многу по завршувањето на војната, таа останала целосно напуштена.


Во текот на своето 56-годишно постоење, Силенд „преживеа“ бројни закани и обиди за преземање. Само една година по „независноста“, Бејтс и неговиот син, кој ја носи титулата принцот Мајкл од Силенд, беа обвинети откако пукале во екипажот на брод што пловел во близина на базата и наводно се обиделе да се искачат на утврдувањето.

Сепак  и двајцата се ослободени бидејќи судијата пресуди дека Силенд не припаѓа во јурисдикцијата на Велика Британија?!

Силенд има и фудбалска репрезентација составена од
авантуристи играа во истиот „шешир“ на непризнаените земји. Првиот ривал – Островите Чагос.

Натпреварот се одигра, а за него пишуваше и Би-Би-Си. Се пееја и химни а таа на Силенд  ја напиша Василиј Симоненко, неуспешен натпреварувач на британскиот Евросонг. Во неколку наврати.

Да не забегуваме со детали, Чагос беше пресилен и победи со 3:1.
Како и да ставете ги Силенд на мапата на фудбалската заедница надвор од покровителството на ФИФА, или Конфедерацијата на независни фудбалски асоцијации (CONIFA). Сонуваат еден ден да играат на вистинско Светско првенство. Па, сонот може и ќе им се оствари.