Боксерскиот сојуз на Црна Гора денеска соопшти дека молдавските власти не им дозволиле на боксерите од Будва да учествуваат на меѓународниот турнир „Павел Лускески“ во Кишињев.
– Вчера на аеродромот во Кишињев полицијата приведе наша екипа која се состои од шест лица (меѓу кои и малолетници). Бидејќи им биле одземени сите документи, тие цела ноќ ја поминале во транзитната зона, без храна и сместување. Тие потоа беа депортирани назад во Црна Гора со образложение дека во моментов е забранет влезот на црногорски државјани во Молдавија без подетални информации – изјавија од БС на Црна Гора.
Ова е втор случај молдавските власти да се мешаат во спортски настани. Вчера не им беше дозволен влез во земјата и на навивачите на Партизан.
Comments are closed for this post.