Скопскиот тим Шкупи, сепак, ќе игра во кошаркарската елита следната сезона. Здружението на прволигашите денеска го прифати неговото барање за подоцнежно плаќање на котизацијата од 10.000 евра поради што претходно му беше одземен статусот член на Првата лига.
Ова истовремено беше потврдено и од Комитетот за итност на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), што значи дека предводниците на макбаскетот кај нас си ја погазија одлуката која самите ја донесоа пред речиси еден месец.
Тогаш категорично беше одреден последен рок за плаќање на сите долгови, што не беше испочитувано само од Шкупи и на овој тим не му беше прифатена пријавата да игра со најдобрите.
Но, откако клубот во меѓувреме најде сериозен спонзор, МКФ се смилува па реши Шкупи да го врати во првата лига.
Comments are closed for this post.