„Му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, пишува премиерот во објавата на Инстаграм
Премиерот Христијан Мицкоски на својот инстаграм-профил објави дека отпатувал во Будимпешта со своите синови Јован и Антониј. Таму ќе останат два дена, а утре ќе го следат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Португалија и Унгарија во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026.
„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“,
Comments are closed for this post.