Европската ракометна јавност сѐ уште е потресена по големата несреќа што се случи на тренингот на Порто, кога голманот Алфредо Кинтана колабира и веднаш беше пренесен во болница, каде што е утврдено дека имал срцев удар.

Поддршка стигнува од сите страни, а меѓу нив е и таа од неговиот соиграч и партнер пред голот на португалскиот тим, нашиот Никола Митревски.

„Кинтана, мора да покажеш дека си силен. Време е да ја направиш најважната одбрана во животот“, напиша Митревски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Mitrevski (@nikolamitrevski16)