Играчот за врска Џејмс Милнер договори продолжување на соработката со Ливерпул за уште една сезона, јавија денеска британските медиуми, додавајќи оти 36-годишниот фудбалер се согласил на значително намалување на платата за да остане на „Енфилд Роуд“.
Според истите извори, Милнер одбил две финансиски подобри понуди од премиерлигашки клубови и една од клуб од американската МЛС лига.
Милнер имаше активен договор до 30 јуни по што можеше да замине во друг клуб без обесштетување, но тренерот Јирген Клоп во разговор со него и клупското раководство истакнал дека Милнер е клучен за успесите на Ливерпул.
Милнер дебитираше во Премиер лигата во 2002 година во дресот на Лидс на 16-годипна возраст, а за Ливерпул настапува од 2015 годинае
Comments are closed for this post.