ветот се уште е во шок откако се дозна дека фудбалерот Жерар Пике ја изневерил Шакира со која беше во врска 12 години и со која има двајца синови.

Многумина сега се прашуваат дали ќе има некаква поделба на имотот, иако парот не е законски во брак, а вистинско изненадување следеше кога се дозна колку пари има на сметката.

Иако се мислеше дека Пике е побогатиот, се покажа дека Шакира има многу повеќе пари. Шакира има  вредност од 350 милиони долари.  45-годишната Колумбијка има продадено преку 75 милиони плочи, со што стана една од најпродаваните музички изведувачи во светот.

Жерар исто така може да се пофали со импресивна сума, но таа е далеку помала од сумата на пејачката.  35-годишниот фудбалер има вредност од 80 милиони долари. Шпанскиот дефанзивец  е основач и претседател на Космос Холдинг, спортска и медиумска инвестициска група што ја започна со Хироши Микитани (основач и претседател на јапонската компанија за е-трговија Ракутен.