Македонија синоќа загуби убедливо од Грузија во Скопје (0:3) и трката за првото место во групата од фудбалската Лига на нации стана тешко достижно.

-Морам да им честитам на Грузијците. Кога ќе загубиш вака тешко е да се најде причината за поразот. Три лоши реакции, иако со еден ваков противник да конторлираш игра повеќе од 50 минути е нешто што многу сум задоволен. Но, после вториот гол паднавме и физички. Грузија е физички над нас. Нема што да им замерам на момците за тоа што во моментов го дадоа, а тоа е тоа што го видовме на терен. Ова е нашиот максимум во моментов. Жал ми е што кога доминиравме не дадовме гол или голови повеќе. Одиме понатаму и во недела ќе пробаме да се консолидираме. Моментот во кој период се играат овие четири меча е надвор од секоја логика, рече по мечот македонскиот селектор Благоја Милевски.