Македонската фудбалска репрезентација со пораз го завршува последниот меч за оваа година. 1-3 против Азербејџан на Арената „Тодор Проески”.
Нашата репрезентација не одигра ништо на дождот и лизгавиот терен. Создадовме само три шанси од две беа пеналот и пречката кој го реализира Енис Барди, а третата беше исто пречка на Атанасов.
Селекторот Милевски ќе мора многу да менува пред стартот на квалификациите во март.
Мечот го следеше и премирот Димитар Ковачевски кој не им донесе среќа на нашите фудбалери.
Стрелци за Азербејџан беа Кафаргулиев (38.минута), Курбанли (65) и Шејдајев (89).
Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Бобан Николов во 52. и Хојат Хагверди во 75. минута.
Пред три дена „црвено-жолтите“ одиграа нерешено 1:1 со Финска, исто така на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Comments are closed for this post.