Македонската каратистка Мила Саздова постигна извонреден резултат освојуваќи златен медал, со што стана европски шампион во кати во јуниорска конкуренција, на првенството кое се одржува во Белград, Србија.
Саздова исто така освои и сребрен медал во „кого-кумите“ за јуниорки.
Во тек се се уште натпреварите во екипните дисциплини, соопштија од Македонската Традиционална Карате Федерација.
Comments are closed for this post.