Синиша Михајловиќ за прв пат проговори за тешката болест која му беше дијагностицирана. Тој е оптимист за процесот на лечење и оти ќе излезе посилен од сево ова.

Тренерот на Болоња боледува од леукемија и вели дека кога при рутински преглед му кажале за што станува збор не можел да поверува.

Најпрвин не можев да поверувам што се случува.Мислев дека е некоја зафрканција-вели Синиша.

Тој не си дозволува да го фати депресија и дека во зависност од тоа како ќе оди процесот на рехабилитација на клупата би можел да се појави за три месеци.