Аргентинецот Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња, но малку се знае за неговиот живот надвор од теренот. Тој е оженет е, има три деца, а ова се дел од навиките и работите кои му се рутина.

“Штом ќе се вратам дома, прво нешто е да ги соблечам чевлите на влезот. Тоа го правам кога доаѓам н. Тоа е само навика”, рекол тој во една прилика.

Неговото мени вклучува многу овошје и зеленчук, маслиново масло, но не може без квалитетно месо.

„Тој бега од се што е прскано или на кој било начин загадено со пестициди или хербициди. За професионалните спортисти таа храна е „смрт“. Аргентинците и Уругвајците сакаат премногу да јадат црвено месо. Мислам дека тие две нации јадат најмногу месо во светот и за тоа треба да се води сметка“, изјави италијанскиот нутриционист Џулијано Позер, кој своевремено соработуваше со Меси.