Конор Мекгрегор сака повторно да се бори во боксерскиот ринг, а за такво нешто го инспирирал синоќешниот спектакл во Медисон Сквер Гарден во кој предизвикувачот Енди Руиз го порази, сега веќе поранешниот шампион, Антони Џошуа.
Ирскиот ММА борач испрати честитки до новиот шампион, а изрази и пофални зборови за мексиканските борачи, со кои имал можност да се соочи во рингот.
Од прва рака знам колку цврста брада имаат Мексиканците. Се креваат од подот како во триле. Со нив никогаш не е готово додека не биде готово – изјави Мекгрегор.
Ирецот не застана на тие пофалби и соопшти дека сака да да го предизвика Флојд Мејведер на реванш. Борбата со Мејведер во 2017 година беше досега единствената можност за Ирецот да учествува во официјален боксерски меч. Ирецот тогаш загуби, но од тој меч заработи најмногу во неговата кариера.
Comments are closed for this post.