– Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, изјави дека сонува да игра во финалето на Светското првенство во 2026 година.
– Фаталист сум за светот на фудбалот, но не и за животот. Животот е прекрасен. Фудбалот е тоа што е. Искрено, ако немав ваква страст, светот на фудбалот одамна ќе ми станеше одвратен. Уморот не значи дека повеќе не го сакаш она што го правиш. Сè уште сум луд. Наутро, попладне и навечер сонувам за финалето на Светското првенство, кое ќе се одржи на 19 јули во Соединетите Американски Држави. Датумот е одреден. Имаме одличен тим, се надевам дека ќе стигнеме таму, изјави Мбапе за „Л’Екип“.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Финалето на Мундијалот е закажано за 19 јули.
Comments are closed for this post.