Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ во интервју за порталот „442“ ги праша швајцарските репрезентативци Џердан Шаќири и Гранит Џака зошто не играат за Албанија ако толку многу ја сакаат.

Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиер лигата. Но, со тие потези собираат ефтини политички бодови. Тие мислам дека пораснаа во Швајцарија? Со тие потези тие не покажуваат почит кон земјата за која играат. Ако толку ја сакате Албанија, зошто не играте за Албанија? Тоа е моето прашање. Може да сакате повеќе држави, тоа не е проблем. Јас ја сакам Србија, тоа е мојата земја. Ја сакам и Англија, таму поминав многу време. Но, никогаш нема да кажам дека ја сакам повеќе Англија отколку Србија. Морате да бидете искрени